ОПШТИ УСЛОВИ И ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
I. ПРЕДМЕТ
Член 1. Овие Општи услови ги уредуваат односите помеѓу Приватна Агенција за Вработување (ПАВ) НОМАД ЏОБС Штип (во понатамошниот текст: Давател) и секое физичко лице (во понатамошниот текст: Корисник), кое ја користи интернет-страницата и/или услугите што се обезбедуваат преку неа. Во смисла на овие Услови, интернет-страница е страницата https://www.nomadjobs.mk/.
Член 2. Овие Општи услови се објавени на интернет-страницата и се сметаат за прифатени со самото влегување на Корисникот на веб-страницата. Корисникот се обврзува да ги користи услугите во согласност со одредбите на овие Општи услови.
II. ПОДАТОЦИ ЗА ДАВАТЕЛОТ
Член 3. ПАВ НОМАД ЏОБС Штип е трговско друштво регистрирано во Централен регистар на Република Северна Македонија со ЕДБ/ЕМБС: ЕМБС 7760230 и ЕДБ 4029024530488, со седиште и адреса на управување: ул. ул. Гоце Делчев бр.1/1 Штип, 2000 Штип, телефон: +389 (0)71318 503, е-пошта: info@nomadjobs.mk.
Член 4. ПАВ НОМАД ЏОБС Штип ја врши својата дејност согласно Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ" бр. 42/20) и Регулативата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и Советот (GDPR) во однос на заштитата на физичките лица при обработка на лични податоци.
III. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И НИВНА ЗАШТИТА
Член 5. Лични податоци претставуваат секоја информација што може директно или индиректно да го идентификува Корисникот. Обработката на лични податоци вклучува собирање, чување, пренос, корекција, бришење, уништување или секоја друга операција со тие податоци.
Член 6. Со прифаќањето на овие услови, Корисникот дава изречна согласност обезбедените лични податоци да бидат обработувани и користени од Давателот и/или овластени трети лица (на пр. поштенски оператори, кол-центри, технички партнери) за целите на обезбедување и унапредување на услугите, директен маркетинг, кадровска селекција и други активности поврзани со деловната дејност на Давателот.
Член 7. Се собираат следни податоци:
- Име и контакт информации (е-пошта, телефон итн.);
- Податоци за користење на веб-страницата (посетени страници, време на престој итн.);
- IP адреса и информации за уредот.
Член 8. Податоците се користат за: подобрување на услугите и веб-страницата; комуникација со Корисниците; анализа на користење и однесување; селекција на кадри и обезбедување на можности за вработување; поврзување на кандидати со работодавци; безбедност и административна ефикасност.
Член 9. Давателот применува соодветни технички и организациски мерки за заштита од неовластен пристап, губење или злоупотреба на лични податоци. Податоците се чуваат на безбедно со ограничен пристап.
Член 10. Податоците се чуваат онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се собрани, по што се бришат или уништуваат без одлагање.
Член 11. Корисниците имаат следни права:
- пристап до своите лични податоци;
- исправка на неточни или непотполни податоци;
- бришење на податоците („право да се биде заборавен");
- ограничување на обработката;
- преносливост на податоците;
- приговор на обработка на податоци;
- да не бидат предмет на автоматизирани одлуки, вклучувајќи профилирање;
- поднесување жалба до надлежен орган.
Член 12. Остварување на правата е можно преку писмено барање доставено на адресата: ПАВ НОМАД ЏОБС, Штип, ул. Гоце Делчев бр.1/1 Штип или преку е-пошта: info@nomadjobs.mk, или телефон: +389 (0)72 318 503.
IV. НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ
Член 13. Органи надлежни за надзор на оваа дејност се:
Агенција за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија
- Веб-страница: https://dzlp.mk
- Телефон: +389 (0)2 3230 635
- Е-пошта: info@dzlp.mk
- Адреса: бул. „Гоце Делчев" бр. 18, 1000 Скопје
Државен пазарен инспекторат – Одделение за заштита на потрошувачи
- Веб-страница: https://dpi.gov.mk
- Телефон: 02/3297 430
- Е-пошта: info@dpi.gov.mk
- Адреса: ул. „Никола Вапцаров" бр. 7, 1000 Скопје
Член 14. Контакт на службеното лице за заштита на лични податоци:
- Администратор: ПАВ НОМАД ЏОБС Штип
- Адреса: , ул. Гоце Делчев бр.1/1 Штип
- Телефон: +389 (0)72 318 503
- Е-пошта: info@nomadjobs.mk
V. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 15. ПАВ НОМАД ЏОБС Штип го задржува правото еднострано да ги менува овие Општи услови и Политиката за приватност без претходно известување на Корисниците. Промените стапуваат во сила со нивното објавување на интернет-страницата.
Член 16. За сите прашања кои не се уредени со овие Општи услови се применуваат важечките прописи на Република Северна Македонија.
Член 17. Споровите што ќе произлезат од примена на овие услови ќе се решаваат по пат на спогодба, а во спротивно – пред надлежен суд во Република Северна Македонија.
Член 18. Доколку било која одредба од овие Општи услови се покаже како ништовна или неприменлива, тоа нема да влијае врз важноста на останатите одредби.
ПАВ НОМАД ЏОБС Штип