СЕЗОНСКА РАБОТА

Услуги/СЕЗОНСКА РАБОТА
blog

Сезонската работа претставува вид привремена работна ангажираност која опфаќа период од шест и девет месеци за вработувања во градежниот сектор, во рамките на секој период од 12 месеци.

Таа е карактеристична за работни активности кои се извршуваат во определени сезони или врвни периоди на интензивна производствена или трговска активност.

Овој вид работа е утврдена и регулирана основно во повеќе сектори од економијата: земјоделство, шумарство и рибарство, хотелиерство, градежништво и угостителство.

Дозвола за продолжено престојување со цел работа како сезонски работник се издава на странец кој ги исполнува условите за добивање пристап до пазарот на труд согласно македонското законодавство и поседува виза.

Дозволата може да биде продолжена еднократно во рамките на период од 12 месеци.

Споменатото право може да биде користено еднократно од странецот во рамките на рокот на важност на дозволата за сезонски работник.