Издавање на дозвола и виза за работа

Услуги/Издавање на дозвола и виза за работа
blog

Процесот на вработување на граѓани од трети земји (т.е. граѓани на држави надвор од Европската унија) во Македонија вклучува низа административни и правни процедури преку кои се обезбедува нивното законско право на работа во земјата. За да вработите странец, работодавачот и кандидатот треба да поминат низ различни чекори кои вклучуваат собирање документи, плаќање такси и поминување низ интервјуа. Сите потребни дозволи и потврди треба да бидат издадени во согласност со македонското и европското законодавство.

Што вклучува овој процес?

1. Дозвола за работа – Основен документ кој му овозможува на странецот да врши работна активност на територијата на Република Македонија.
 
2. Барање од работодавачот – Работодавачот поднесува барање до АВРСМ за работник/и за соодветната работна позиција со соодветните квалификации, по што добива одговор од АВРСМ дека на пазарот нема кандидати со соодветните квалификации или пак листа со соодветни кандидати. 

3. Документи на кандидатот – Кандидатот треба да обезбеди образовни и квалификациски документи кои соодветствуваат на барањата за позицијата. 

4. Интервју – Во зависност од случајот, се бара и учество во интервјуа поврзани со оценката на документите и погоднаста за работа. 

Правни барања

Кандидатот треба да поседува најмалку средно образование, дополнителна потврда од обука соодветна за бараната работна позиција и/или препорака од претходен работодавец или повисока квалификација која соодветствува на барањата за соодветната позиција.

Процесот на издавање дозвола за работа во Македонија е строго регулиран и има за цел да обезбеди заштита на националниот пазар на труд истовремено овозможувајќи на квалификувани странци да работат законски во земјата.