Селектирање и избор на кандидати

Изборот на персонал е клучен процес во управувањето со човечките ресурси, кој има за цел да ги најде најсоодветните работници за конкретна позиција во вашата организација. Откако кандидатите ќе ги испратат своите автобиографии и мотивациони писма, нашите специјалисти прават првичен преглед на документите, за да проценат кои од нив ги исполнуваат основните барања за позицијата.
Процесот на избор вклучува неколку етапи, при што секоја од нив има за цел да обезбеди добро подготвени кандидати.
Етапите вклучуваат:
1. Преглед и оценка на апликациите – ги анализираме секое резиме и мотивационо писмо, за да ги селектираме оние кои најдобро соодветствуваат на објавените критериуми.
2. Скрининг – вршиме детална проверка на квалификациите и искуството на кандидатите преку дополнителни прашања и кратки интервјуа, за да ја потврдиме нивната способност за позицијата.
3. Интервјуа – организираме детални интервјуа со избраните кандидати. Тие се одржуваат од нашите специјалисти, а по ваше барање можат да бидат присутни и претставници на вашиот тим, за да бидат оценети и техничките и личните квалитети на кандидатите. Нашата цел е да ви обезбедиме најдобри кандидати кои не само што ги исполнуваат барањата, туку и ќе придонесат за успехот на вашиот бизнис. Нашата цел е да ви обезбедиме најдобри кандидати кои не само што ги исполнуваат барањата, туку и ќе придонесат за успехот на вашиот бизнис.